Преслушајте: Првата песна на Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев (видео)
Авалон Продукција вчера (09.09.2015) во 21 часот ја промовираше првата заедничка песна на двајцата наши најквалитетни артисти во моментов - Дуке Бојаџиев и Каролина Гочева.

Песната "Зборови немам", која е комплетно авторско дело на Дуке Бојаџиев ( музика, текст, аранжман, изведба), снимена е и продуцирана во Gaea Music студио во New York, а вокалот на Каролина е снимен во Marry Phat студиото на Ивица Јанкуловски во Скопје.
Преслушајте: