Боби Мојсовски со нова песна и видео - „Погледни во мене“

Боби Мојсовски, младиот македонски изведувач кој не воодушеви и направи горди со своите изведби во втората сезона на Х-Фактор Адриа, момчето коe освои Гранд При награда на реномираниот интернационален фестивал Славјански базар 2012 каде меѓу наградените се музички ѕвезди како нашиот Тоше Проески, Жељко Јоксимовиќ, Руслана и други, денеска започна со промоција на својот нов музички запис насловен како „Погледни во мене“.

bobi-mojsovski-so-nova-pesna-i-video-pogledni-vo-mene-01.jpg

За ова музичко парче се погрижија Јован Василевски – музика и аранжман, текстот е на Боби Мојсовски.

Нумерата предвидено е да се промовира и на српско-хрватскиот пазар па затоа е снимена и во соодветна јазична верзија.

Во продолжение еве го линкот на кој можете да ја преслушате „Погледни во мене“:

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg