Даниел Кајмакоски го снимаше новиот спот со 30 девојки во кревет
Даниел Кајмакоски, победникот на „X-Фактор“, го сними спотот за песната „Samo za ljubav“, а во него тој е на кревет со уште 30 убавици.

Кајмакоски открива дека атмосферата за време на снимањето на спотот била одлична, а на самиот спот тој е меѓу 30 девојки.

„Сигурен сум дека на мажите ќе им се допадне овој спот, а жените ќе ги препознаат искрените емоции кои ги носи“ - изјавил пејачот.
Првите фотографии од спотот имаме можност да ги погледнеме на социјалните мрежи, а спотот останува да го погледнеме наскоро.

Н. Г. | Црнобело