Песната на Калиопи за Евровизија - „Дона“ (видео)

И годинава, на Евровизија ќе не претставува Калиопи. Веќе искусна и со надеж дека овој пат ќе добиеме некој поен плус.
Песната е изработена во соработка со Ромео Грил - нејзиниот поранешен сопруг со кого најчесто имаат „добитна комбинација“ кога станува збор за хитови.
Текстот на песната е дело на Калиопи, додека зад музиката, аранжманот и продукцијата стои Грил.
Калиопи ќе настапи во втората полуфинална вечер на 12ти мај на Евросонг во Стокхолм, Шведска. Финалето е закажано за 14ти мај.
Погледнете го спотот за „Дона“: