„Само за Љубав“ - Новиот сингл и спот на Даниел Кајмакоски

Даниел Кајмакоски, кој е актуелен во последниве неколку недели со учеството во ТВ шоуто „Твоето лице звучи познато“, ја промовира новата песна за која сними и видео запис.

samo-za-ljubav-noviot-signl-i-spot-na-daniel-kajmakoski-01.jpg

„Само за љубав“ е песна каква што можев само да посакам!  Целосно се вклопува во мојот досегашен стил, има емотивен текст кој зборува за борбата за љубовта  на саканата жена, а целата приказна ја следи интересен спот. Верувам дека публиката ќе ги препознае емоциите и посветеноста кои ги вложивме во оваа песна јас и мојот тим” – вели Даниел.

Даниел соработува со истата екипа која работеше и на песната  „10 лета“ , па така музиката и текстот ги потпишува Александра Милутиновиќ, а аранжманот е на Дарко Димитров.  Наскоро ќе биде објавена и верзијата  на македонски јазик, за која текстот го напиша  Огнен Неделковски.

“Оваа песна ја слави љубовта, позитивна е и нежна. На мое големо задоволство, спотот го режираше Немања Новаковиќ, човек кој ја разбира и чувствува музиката, па и спотот ја следи приказната на песната: љубов, сон, трепет” - вели  Александра Милутиновиќ.

Видео спотот е сниман и продуциран од маркетинг и видео агенцијата LCF Media (Белград, Сбрија).

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg