Мартин Милески од Охрид со инструментална преработка на „Кој да ми запее” на Каролина

Ако нешто прави совршена комбинација за очи и уши тогаш тоа сигурно е македонска музика и видео запис кој ги содржи убавините на нашата татковина Македонија.

martin-mileski-so-instrumentalna-prerabotka-na-koj-da-mi-zapee-na-Karolina-Goceva-01

Токму таа симбиоза се случува во новиот видео запис на талентираниот гитарист Мартин Милески кој досега и е познат на јавноста по преработките на познати странски хитови.

Овојпат, за разлика од претходно, Милески ја преработува емотивната балада на нашето македонско девојче, Каролина Гочева, која носи наслов „Кој да ми запее”, покажувајќи ја својата емоција преку феноменалниот звук на неговата електрична гитара.

Освен инзворедниот звук, новитет во ова видео е внесувањето на мотиви од природните убавини на неговиот роден град, Охрид, кои даваат нова димензија на целата таа приказна.

Милески вели дека со овој видео запис официјално ја започнува својата професионална кариера, а ја одбрал токму оваа песна бидејќи според него таа е една од најемотивните и најубавите песни на поновото време.

Исто така тој е фасциниран од начинот на кој Каролина Гочева ја промовира и ја развива македонската музика, па токму тие две работи го натерале својата кариера да ја започне со оваа инзворедна балада.

Во продолжение погледнете ја акустичната преработка на „Кој да ми запее”, проследена со убавните на бисерот на Балканот:

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg