Антониа Гиговска доби заслужено громогласно ракоплескање на „Пинкови ѕвездички“ (видео)
Антониа ја отвори емисијата со песната „Маховина“ од Сара Јовановиќ и без изненадување, ја воодушеви и публиката и судиите.

„Не знам што би додала покрај громогласниот аплауз. Навистина си одлична. Неверојатно добро можеш да се трансформираш и тоа ми се допаѓа. Ми се допаѓа што знаеш како да си ја одработиш својата задача“ – изјави Гоца.
„Јас уживав. Сè ми беше некако изедначено. Се навикнав на твоите преубави интерпретации“ – изјави Хари Варешановиќ.
Уживајте во изведбата на Антониа: