Прво полуфинале: Мартија Станојковиќ покажа зошто заслужува светска кариера
На првото полуфинале, Мартија Станојковиќ ја одбра песната „Najgora“ и го покажа спротивното, дека токму таа е најдобра, како што коментираше и Милан.

„По мое мислење ти си комплетна. Убава, воспитана, актерка... Кога излегуваш на сцена, ја освојуваш. Кога ќе застанеш пред микрофонот, се трансформираш. Ти и од просечните песни правиш уметнички дела, а тоа не го може секој“ – изјави Гоца која додаде дека Мартија заслужува светска кариера.
„Од ништо, правиш нешто поголемо, а тоа е знаење, умеење“ – изјави среќниот Хари.
Н. Г. | Црнобело