Мартија, Антониа и Елена продолжуваат во финалето - Која ќе го освои „Пинкови ѕвездички“?

15 ѕвездички се натпреваруваа пред жирито и публиката во втората полуфинална вечер од најгледаното музичко натпреварување за деца, „Пинкови ѕвездички“.

martija-antonia-i-elena-go-osvoija-pinkovi-dzvezdicki-prodolzuvaat-ponatamu-vo-finaleto-01.jpg

Во живо тие настапија со поединечни точки и освоија доволно гласови за да се пласираат во финалето, а наместо два натпреварувачи, од кругот излезе само една натпреварувачка – Ања Јестровиќ.

Нашите натпреварувачки продолжуваат и понатаму во финалето:

Мартија Станонојковиќ за второто полуфинале ја одбра песната „Uncover“.

„Горд сум што имав можност да соработувам со тебе“ – изјави Марко Кон кој работеше со натпреварувачите зад сцените.

„Прво најдобра си, второ најдобра си и трето, најдобра си“ – изјави Милан.

„Уморен сум бидејќи повеќе немам што да кажам. Ова е за пофалба. Најдобра си, ете!“ – беше краток Хари.

Леонтина и понатаму смета дека Мартија заслужува да биде светска ѕвезда:


Антониа Гиговска настапи 13-та по ред и ја одбра песната „Resentement“ на Бијонсе.

Успеа да ја расплаче целата публика, а жирито го пофали нејзиниот глас и тоа што секогаш делува сигурно на сцената.

„Многу степени над другите. Ти си зрела пејачка, многу отскокнуваш од останатите натпреварувачи“ – изјави Хари.


И Елена Бимбилоска настапи со песна на Бијонсе
– „Crazy in Love“ за која жирито коментираше дека за време на натпреварувањето таа многу напредувала и ги слушала сите нивни совети.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg