Прогласен победникот на „Пинкови ѕвездички“ - Марко Бошњак (видео)
Победникот на втората сезона на најпопуларниот детски натпревар во регионот, „Пинкови ѕвездички“, е Марко Бошњак.

Во текот на целиот натпревар покажа вонсериски талент и неретко успеваше да предизвика солзи во очите на членовите на жирито.
Марко беше засакан заради неговиот одличен глас, но и шармот кој го поседува. Судиите велат дека го очекува блескава кариера.
За суперфиналето тој ја одбра песната „Što te nema“ и до самиот крај се бореше со нашата претставничка, Мартија Станојковиќ.
Настапот на Марко:
Н. Г. | Црнобело