Настапот со кој Мартија Станојковиќ се бореше до самиот крај на „Пинкови ѕвездички“ (видео)
Мартија Станојковиќ до самиот крај храбро се бореше да ја освои титулата „Пинкова ѕвездичка“ и ги мереше своите сили со Марко Бошњак.

За суперфиналето на втората сезона на најголемото детско натпреварување на Балканот, ја одбра песната „Writings on the wall“ и додека пееше, жирито се препушти на музичкото уживање кое им го овозможи.
„Ми се насолзија очите. Беше феноменално, секоја чест“ - изјави Јелена.
„Хари вели дека ти си веќе ѕвезда, а јас мислам дека си небесна ѕвезда“ - додаде Леонтина.
На крајот, како победник заврши малиот Марко.
Завршниот настап на Мартија:
Н. Г. | Црнобело