Специфичниот глас на Лина Пејовска го освои жирито на „Пинкови ѕвездички“ (видео)
14-годишната Лина Пејовска од Скопје на петата емисија од „Пинкови ѕвездички“ настапи со песната „Бол до лудила“.

Таа го одушеви жирито и ги доби сите пет гласови.
„Прва станав иако влезот во строфата ти беше малку несигурен. Но, чув дека имаш божествен глас и навистина, нешто специфично. Мислам дека мораш да поработиш на интонацијата.“ – изјави Јелена Томашевиќ.
„Немој да се плашиш од сопствената сила и јачината на гласот. Микрофонот држи го поблиску до усните“ – изјави Леонтина.
Настапот на Лина:
Н. Г. | Црнобело