„Ѕвона“ ве носи на магично место - слушнете ја новата песна на Каролина Гочева (видео)

„Ѕвона“ ќе ни ги милува сетилата со своето моќно пулсирање во овој празничен период.

dzvona-ve-nosi-na-magichno-mesto-slushnete-ja-novata-pesna-na-karolina-gocheva-video-01.jpg

Македонското девојче со ангелски глас како новогодишен подарок за своите фанови ја објави првата песна од новиот албум, што ќе излезе на почетокот од 2018 година.

Каролина Гочева со песната „Ѕвона“ уште еднаш допре до срцата на фановите, а доказ за тоа се низата позитивни коментари на социјалните мрежи.

Со мелодија која ве носи на некое магично место и видео запис, кој е вистинско дополнување на музиката, „Ѕвона“ ќе биде мелем за ушите и очите во овој празничен период.

Тијана Дапчевиќ, Калиопи, Дани Димитровска се само дел од колегите кои имаа само пофални зборови за најновото дело на Каролина. Тие прокоментираа дека песната е прекрасна ѝ со љубов и го очекуваат новиот албум, а и концерт со тоа, се разбира.

„За сите што ни се во срцата, а не се со нас...

И сите песни да стивнат, сите рози да се скинат, љубовта не исчезнува!

Се надевам дека ќе уживате во нашава топла приказна, прва од новиот албум што за Вас со огромна љубов го подготвуваме“, напиша Каролина во описот на видеото што го објави на својот Фејсбук профил.

Слушнете ја нејзината нова песна:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски пејачки кои драстично ослабеа - Што им помогна и како им успеа? Тамара Тодевска, Ивона Јо, Антониа Гиговска, Наде Талевска, Мијата се дел од пеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg