Преслушајте го најновиот сингл на Лана Дел Реј - Once Upon A Dream

Иако веќе неколку месеци е во своевидна медиумска изолација, Лана Дел Реј направи мал прекршок и ја претстави новата песна Once Upon A Dream, која ќе биде водечка нумера од новиот филм на Дизни Maleficient.

preslusajte-go-najnoviot-singl-na-lana-del-rey-01

Пред само неколку дена се шпекулираше за нејзината соработка со најновото филмско остварување во која Анџелина Џоли ја има главната улога, за денес конечно да биде објавена првата музичка нумера.

Премиерата на долго очекуваниот филм е закажана за 30 јуни, а трејлерот и најавната песна веќе одамна се познати за јавноста.

Сега на ред е новото музичко остварување на Лана Дел Реј.

Какви се вашите први впечатоци?

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg