Се распаднаа Pussycat Dolls?

se-raspadnaa-pussycat-dolls-povekjeПо неодамнешниот распад на британската рок група Оазис, стигна уште една лоша вест од музичките води. Главната пејачка на Pussycat Dolls, Никол Шерцингер...

 

...изјави дека групата се распаѓа.se-raspadnaa-pussycat-dolls

Иако медиумите тврдат дека причината е желбата за почеток на соло кариери, се шушка дека вистинската причина е болната љубомора на останатите девојки кон водечкиот вокал Никол Шерзингер.

Според приказните кои кружат, останатите членки се љубоморни на медиумското внимание кое го добива девојката на возачот на Формула 1, Луис Хамилтон.

Пејачката Кимберли Вајат не сакала да го потврди конечниот распад на групата, но вели дека станува збор за малку подолга пауза.

“Штотуку ја завршивме светската турнеја па правиме пауза за да се посветиме на самостојните проекти. Поминав 6 прекрасни години со бендот, а играм веќе 20 години. Мислам дека е време да тргнам понатаму“.

Мелоди Торнтон дури и ја обвини Никол дека има преголемо его.

Караницата кулминирала на концертот во Лас Вегас каде Никол почнала да вришти “Не дозволувајте никој да ви застане на патот кон вашиот сон“.

Остатокот од шоуто бил крајно непријатен и по последната песна девојките бесно истрчале од сцената.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg