Погледнете ја секси Северина во новиот љубовен дует со Саша Матиќ

Еден од долгоочекуваните дуети на Балканот со хрватската дива Северина и Саша Матиќ финишраше со прекрасно видео издание.

severina-i-sasa-matik-vo-ljuboven-evergrin-video-01

Емотивната балада за која се верува дека ќе стане вистински љубовен евергрин, откако е објавена на YouTube добива само позитивни коментари.

Луксузното романтично издание, спојот на овие две ѕвезди и квалитетната композиција се полн погодок кој ќе ве разнежни.

Спотот е режиран од Милош Надаждин, а напишана е од Саша Матиќ, кој вели дека е голем оптимист за успехот на баладата, бидејќи верува во квалитетот и дека тој и Северина се добитна комбинација.

Северина, пак, за песната вели дека е убава за слушање и допира до сите.

Погледнете дел од кадрите на спотот:


Слушнете ја прекрасната балада „More tuge“:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg