Северина и Беквалац во дует

Поп пејачката Наташа Беквалац и Северина моментално се во преговори околу снимање на дует, пишуваат медиумите. Атрактивните дами неодамна...

 

... се сретнале во Белград со цел да ги прецизираат деталите околу својата музичка соработка, која била иницирана од нивните блиски соработници Драган Брајовиќ Браја, односно Рака Мариќ.

Ако се се' одвива по планот, преубавите пејачки наскоро ќе ги видиме во заедничко музичко остварување.

Оваа информација ја потврди и менаџерот на Северина за Србија, Рака Мариќ:
"Јас, Северина, Наташа Беквалац и Браја, бевме во ресторанот "Šeher" на ручек, каде се разговараше за музиката, а дали тоа ќе резултира и со дует, останува да видиме. Северина никогаш во својата кариера немала дует и не е навикната на такот тип на музичка соработка."

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg