Бијонси и Гага заедно на спот

bijonsi-i-gaga-zaedno-na-spot-povekjeБијонси и Лејди Гага снимаат спот за песната од последниот албум на Бијонси - Video Phone. Лејди Гага неодамна раскажувала за ова искуство:

 

“Пред да го снимаме спотот ми се јави Бијонси и ме праша : “Што ќе правиме во спотот“? Тогаш сфатив дека не сакам да се појавам во мој стил туку тоа да биде во стилот на Бијонси. И реков: “Сакам да изгледам како ти!“.

И двете ќе се појават во класичен, секси, блинк-блинк стил на Бијонси. Гага ќе има долга, бујна, виткана коса, оперски ракавици и црн корсет.

Покрај гостувањето во ова видео, Гага и Бијонси снимија и дует кој ќе се појави на новиот албум на Лејди Гага со наслов “Telephone“. И тоа не е се - тие ветуваат уште многу соработки во иднина.

Се надеваме дека многу скоро ќе можеме да го погледнеме видео изданието. Сега за сега чисто да се потсетите на песната.

Најчитани неделава