Ретро на денот: Скриеното значење на „Hit Me Baby One More Time“ од Бритни Спирс


Ретро на денот: Скриеното значење на „Hit Me Baby One More Time“ од Бритни Спирс

Никој не може да го негира фактот дека Бритни Спирс беше вистинска принцеза на попот, посебно со песната „Hit Me Baby One More Time“ од 1999-та година, но оваа песна крие мала тајна во себе...

retro-na-denot-skrienoto-znacenje-na-hit-me-baby-one-more-time-od-britni-spirs-01.jpeg

Дали некогаш сте размислиле кое е вистинското значење на зборовите кои се употребени во оваа песна заедно со видео спотот?

Според една нова книга која ја анализира поп индустријата, оваа песна е напишана од страна на двајца Швеѓани кои биле инспирирани од идејата – тинејџерка која штотуку раскинала со своето момче, очајно посакува да ѝ се јави поранешното момче.

Одлучиле зборот „call“ да го заменат со „hit“, па секојпат кога Бритни пее „Hit Me Baby One More Time“ всушност вели: „Јави ми се. Сакам да се смириме, да ги разјасниме работите“.

Би можело да ве интересира:

Каверот на песна од Спајс Грлс кој стана вирална сензација затоа што го сподели Викторија Бекам Поминаа 20 години откако Спајс Грлс ја објавија песната „Wannabe“ и оттогаш па н...
„Hello“ на Адел испеана преку споени филмски сцени (видео) Веројатно музичката треска по Hello на Адел нема да згасне набрзо, судејќи по си...
5 нови песни кои ќе ги слушате на repeat во мај 2017-та Долгоочекувана соработка помеѓу Лана Дел Реј и The Weeknd конечно е тука и се оч...

Најчитани неделава