Кавери кои звучат подобро и од оригиналите

Дали можеби кога ќе го слушнете поимот кавер ве потсетува на песна која не е така добра како оригиналот? Или можеби на сосема спротивното?

kaveri-koi-zvucat-podobro-i-od-originalite-01.jpg

Ова се неколку песни кои ви се добро познати и звучат далеку подобро од оригиналите:

1. Витни Хјустон - „I will always love you“ (оригинална верзија е на Доли Партон)

Ако овој факт ве остави изненадени, треба да знаете дека оваа песна по која многумина ја паметат Витни Хјустон, всушност не е првично напишана за неа.

Оригиналната верзија е на Доли Партон, а Витни и дава посебен пресврт за време на снимањето на филмот “Bodyguard” (Телохранител) кога песната мораше да биде преработена за потребите на филмот.

И покрај одличната, бавна и нежна верзија на Доли Партон, овој хит останува запаметен по моќните ноти и одличната техника на Витни Хјустон.

 
2. Џо Кокер - „
With a little help of my friends“ (оригинална верзија е на Битлси)

Англискиот пеач и гитарист Џо Кокер издаде студиска верзија на оваа позната песна на Битлси, каде што тој го искомбинира својот талент за свирење гитара и своите пеачки способности за да и даде една нова длабочина.

Неговата верзија ги запали фановите ширум светот на неговиот настап во Вудтсток и стана попреферирана верзија токму поради тој настап.

Уште 3 кавери на следната страна...



Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg