Настап кој ќе ве наежи: Сиа ја изведува “Alive” во живо (видео)

Иако целата музичка индустрија како да е во сенка на огромниот успех кој го остава зад себе непокорливата Адел, сепак не смееме да ги заборавиме останатите изведувачи кои исто така оставаат без здив.

nastap-koj-ke-ve-naezi-sia-ja-izveduva-alive-vo-zivo-01.jpg

Овојпат австралиската мегапопуларна Сиа повторно се врати на сцената во шоуто на Елен ДеЏенерис со беспрекорен настап на нејзината феноменална песна “Alive”, пропратена од малата Меди Зиглер со една одлична точка.

Оваа комбинација никогаш не погрешила. Сите настапи на Сиа во ова шоу се маркантни, секогаш различни, иновативни и необични.

Нејзините вокални способности се навистина на високо ниво и многумина би можеле да и подзавидат за она што таа го умее и може.

Ретко кога може да се слушне некој да звучи толку добро во живо...

Н. Буџак | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg