17-годишната Луиза Џонсон победник на X-Фактор Велика Британија

Ако сè уште се прашувате дали сонот може да стане реалност, тогаш погледнете ги беспрекорните настапи на младата тинејџерка од Велика Британија. Со својата појава таа стана препознатлив симбол за успех во Обединетото Кралство.

louisa-johnson-pobednik-na-x-factor-01

За првпат се појави на сцената за аудициите на X-Фактор како срамежливо слатко девојче, но на сцената се претвори во опасен играч и ги освои симпатиите на судиите и на публиката, пеејќи ја „Who is loving you“ на Мајкл Џексон.

Со својата емоција и држење на сцената, начинот на кој знае да ги направи песните свои, а сè уште да звучат беспрекорно, таа го натера светот да се заљуби во нејзиниот глас.

Уште од самиот почеток сите и предвидуваа светла иднина што се покажа месеци подоцна кога после напорни аудиции, елеминации и од милион пријавени, таа беше онаа која го освои финалето на овогодинешната сезона.

Овој русокоса девојка докажа дека иако е премногу млада, таа во себе носи огромен талент и може да стои рамо до рамо со светските ѕвезди. Во полуфиналето ја отпеа безвременската „I believe I can fly“, која заедно со настапот со својот ментор, Рита Ора, пеејќи ја „And I am telling you„ на Џенифер Хадсон, ја однесоа во финалето.

Во феноменалното неделно шоу, исполнето со многу забава и магични моменти, Луиза со песните „This is a man’s world„ и „Forever young“ на Боб Дилан ги победи второпласираните Реџи и Боли и ја понесе титулата Х-Фактор.

Со тоа таа го заврши нејзиното патување наречено X-Фактор, а пред неа стојат огромни предизвици во кои се надеваме ќе ја оправда оваа титула.

Погледнете ги нејзината прва аудиција:


Како и настапите од финалето:

Н. Буџак | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg