Адел и во автомобил пее подеднакво прецизно како на сцена (видео)

Англиската пејачка е гостин во последната емисија на „Late Late Show“ на Џејмс Корден. Но, сепак во тоа нема ништо необично доколку го земеме предвид успехот на нејзиниот најнов албум и слушаноста на хитовите кои никако не престануваат да се вртат на радијата и телевизиите.

del-vo-avtomobil-pee-podednakvo-precizno-kako-na-scena-video-01.jpg

Она што оваа емисија а прави поразлична од сите други емисии е тоа што ја прикажува Адел во светло какво што никогаш не сте ја виделе. Џејмс во улога на возач и Адел како негов совозач, ќе ви го понудат најдоброто караоке во автомобил кое некогаш сте го слушнале.

Слушајќи ги „Hello” и „Rolling in the Deep” отпеани со таква совршеност и прецизност, сфаќате зошто Адел се наоѓа на врвот на сите светски топ-листи и можеби за момент му завидувате на неговиот сопруг кој кога се вози во автомобил со неа нема потреба да вклучува радио.   

М. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg