Маид Хечимовиќ го објави неговиот најнов спот снимен во Скопје со неколку македонски убавици

Момчето кое по учеството на регионалното шоу „Х-фактор“ ги освои симпатиите на публиката низ поранешна Југославија, Маид Хечимовиќ деновиве во етер го објави неговиот најнов спот за песната „Док он те љуби“.

maid-hecimovik-go-objavi-negoviot-spot-snimen-vo-skopje-so-nekolku-makedonski-ubavici-01.jpg

Како автори на оваа нова песна на Маид се потпишуваат искусниот тандем Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска,  додека мастерингот за истата се правеше во студиото „Метрополис Мастеринг“ во Лондон.

- Јас сум презадоволен од сето ова како испадна. Лазар и Магдалена се совршен тандем и можам да се пофалам дека песната веќе е хит во Босна и Херцеговина. Се надевам дека песната и спотот ќе ѝ се допаднат и на македонската публика која ја обожавам - вели Хечимовиќ.

Инаку, Спотот се снимаше на неколку локации во Скопје, а режисерската палка му припадна на Дарио Јанковиќ.

maid-hecimovik-go-objavi-negoviot-spot-snimen-vo-skopje-so-nekolku-makedonski-ubavici-04.jpg

Покрај Маид во видеоспотот се појавуваат и неколку македонски убавици кои дополнително ќе ви го привлечат вниманието.

Погледнете го спотот:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg