Трагичните приказни кои се кријат зад стиховите на неколку легендарни песни


Трагичните приказни кои се кријат зад стиховите на неколку легендарни песни

Уметноста го имитира животот, a животот ја имитира уметноста. Како што животот содржи моменти на тага и радост, така овие работи имаат тенденција да се појавuвaат во уметничките дела, а популарните песни не се исклучок.

Neverojatno-temni-prikazni-zad-poznatite-pesni

Тие трагични или катастрофални настани се потребни за создавање на некои од најлегендарните напишани песни:

„Smoke on the Water“ - Deep Purple

Во декември 1971-та година, Deep Purple пристигнале во Швајцарија за да го снимат својот албум Machine Head. Ноќта пред снимањето во хотелот Касино свирел бендот на Френк Запа. После неколку часа, концертот бил прекинат, бидејќи некој од публиката истрелал ракета за неволја, по што веднаш избил пожар. Овој хаос го инспирирал бендот да ја создаде својата песна „Smoke on the Water“.


„Castles Made Of Sand“ - The Jimi Hendrix Experience

Оваа песна е алегорија за внатрешните чувства на Хендрикс. Тој е роден во сиромашно семејство кое често се селело. Неговите браќа и сестри биле сместени во семејства за згрижување, а неговата мајка починала во 1958-та година, кога Хендрикс имал само 16 години.


„Highway To Hell“ - AC/DC

„Highway to Hell“ нема никаква врска со обожување на ѓаволот. Се работи за тешкиот живот на пат, односно турнеи. „Кога сите петмина спиеме во ист автобус“, изјави Ангус во едно интервју, „и смрдливите чорапи на пејачот се два сантиметри подалеку од вашиот нос, тоа е прилично блиску до пеколот“.


„Gimme Shelter“ - The Rolling Stones

Кога биле на турнеја на 6-ти декември 1969-та година една тинејџерка по име Карли Мередит Хантер, која била под влијание на дрога, почнала да мавта со револвер во близина на сцената. Хантер била прободена со нож од страна на членовите на Hell's Angels.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секси Ријана - гола под чаршафи во новиот спот (видео) Ријана го објави спотот за нејзината најнова песна „Kiss It Better“ од албумот „...
Објавен спотот за химната на Олимписките игри во Рио (видео) Во инспиративниот спот за химната на Олимписките игри, „Rise“, Кети Пери им одда...
Моќен кавер на Ариана Гранде кој ќе ве врати во детството Ова е дефинитивно еден од најдобрите кавери на една од поубавите Дизни песни „Ze...

Најчитани неделава