Лејди Гага го расплака Холивуд со моќниот настап на Оскарите (видео)

Лејди Гага заедно со жртви на сексуално насилство на овогодинешните Оскари имаше моќен настап со песната „Til It Happens to You“.

mokjniot-nastap-na-lejdi-gaga-na-oskarite-01.jpg

Лејди Гага за оваа песна беше номинирана за Оскар за најдобра оригинална филмска песна, заедно со Дајен Ворен која е номинирана по 8-ми пат, но статуетката ја освои Сем Смит.

Песната е напишана за документарецот „The Hunting Ground“ кој ја истражува темата силување во студентските кампуси во Америка.

Настапот на Гага беше најавен од американскиот потпретседател Џое Биден кој зборуваше за кампањата „It’s On Us“ на Белата куќа.

Настапот на Гага:

Н. Г. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg