Претставникот на Белорусија сака да биде првиот кој ќе настапи гол на Евровизија


Претставникот на Белорусија сака да биде првиот кој ќе настапи гол на Евровизија

Александар Саша, со вистинско име Александар Иванов, е овогодинешниот претставник на Белорусија на Евровизија. Она што го прави поразличен од останатите претставници е тоа што тој сака да настапи сосема гол.

pretstavnikot-na-belorusija-na-evrovizija-saka-da-nastapi-sosema-gol-01.jpg

Сè со цел да ја долови смислата на неговата песна „Help you fly“ која зборува за слободата, тој сака да настапи гол на сцената и во придружба на волци.

pretstavnikot-na-belorusija-na-evrovizija-saka-da-nastapi-sosema-gol-1.jpg

Сè уште не се знае дали оваа негова замисла ќе може да се оствари, односно потполно да се спроведе во дело, ако се земе предвид дека на Евровизија не се дозволени диви животни.

pretstavnikot-na-belorusija-na-evrovizija-saka-da-nastapi-sosema-gol-2.jpg

Но, со оглед на тоа што сценското изведување на песните зазема се поголем удел во настапувањето на овој натпревар, не е ни чудно ако Иван успее да ја оствари својата намера.

pretstavnikot-na-belorusija-na-evrovizija-saka-da-nastapi-sosema-gol-03.jpg

Останува да почекаме и да видиме во живо што ќе се случи, а дотогаш, можете да ја слушнете неговата песна.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како звучи гласот на Лејди Гага без музика? (видео) Дури и тогаш кога танцува како луда на високи потпетици, Лејди Гага, некако успе...
Ријана ја објави песната со Дрејк - Work, која е прва од новиот албум По долгото очекување, осмиот студиски албум на Ријана ANTI е комплетен. Првиот с...
Греми оваа година ќе бидат празни: Канје Вест, Џастин Бибер и Дрејк го бојкотираат настанот Греми порано се сметаше за најпрестижната награда која можат да ја добијат музич...

Најчитани неделава