Белградската рокенрол група „Hypnotized“ го промовираше новиот сингл „Marta“

belgradskata-rokenrol-grupa-hypnotized-go-promovirase-noviot-singl-marta-1.jpg

Белградскиот рокенрол состав „Hypnotized“ го претстави видео спотот за песната “Marta”, вториот сингл од новиот албум кој ќе биде објавен во текот на оваа година. Спотот кој ги руши сите продукциски клишеа во нашиот регион и носи вистински рокенрол звук, премиерно беше прикажан во преполната галерија на „Штаб’’, додека пошироката публика премиерно го гледаше спотот на MTV.

Составот „Hypnotized” за кратко време привлече големо внимание на јавноста и љубителите на вистинскиот рок звук. Значајниот успех го постигнаа со донесување на светски стандарди за аудио и видео продукција на нашите простори. Видео спотот за песната “Marta” го потпишуваат контроверзниот американски режисер Mark Nava и познатиот шведски монтажер Robin Siwe кој, помеѓу останатото, соработува и со светски прославените артисти како “Prodigy”, “Madonna” и “Daft Punk”.

На студискиот албум кој го најавуваат со сингловите “Kreten” и ”Marta” му претходеа 2 успешни албуми“Big Natural” од 2010. и ”Nema nazad” од 2013. година. За успехот на составот “Hypnotized” говори и фактот дека настапуваа на најважните регионални музички фестивали како што се “Exit”, ”Supernatural”, ”Beer Fest”, „Guča“, ”Pivo Fest”, ”Lake Fest” и многу други. Составот е основан во 2008-ма година во Белград и го сочинуваат шест музичари: два вокали, две гитари, бас и тапани.

belgradskata-rokenrol-grupa-hypnotized-go-promovirase-noviot-singl-marta-0002.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg