Фан пукал во 22-годишната пејачка од The Voice, Кристина Грими

Порашнената учесничка на музичкото талент шоу The Voice, Кристина Грими почина на 22-годишна возраст.

pocina-peackata-od-the-voice-kristina-grimi-na-22-godisna-vozrast-02

За време на потпишувањето автограми заедно со бендот „Before You Exit” по концертот во Орландо, маж пукал во Грими.

Полицијата изјавила дека осомничениот пукал во Кристина, а нејзиниот брат веднаш го соборил осомничениот за да го спречи, но за време на борбата, осомничениот се самоубил и бил прогласен за мртов на лице место.

Веднаш по нападот, Грими била однесена во локална болница, каде по неколку часови починала.

pocina-peackata-od-the-voice-kristina-grimi-na-22-godisna-vozrast-01

Во 2014, Грими беше учесник во 6-тата сезона на „The Voice”. Нејзиниот уникатен глас предизвика сите 4 тренери да ги свртат своите столици, но на крајот таа стана дел од тимот на Адам Левин, земајќи го третото место.

Во почетокот од годината, Грими го издаде својот втор EP насловен Side A, кој се состои од 4 пeсни, со подоцнежни планови да го издаде и Side B.

Според полицијата, човекот кој го извршил убиството е 27-годишниот Кевин Џејмс Лојбл. За сега, не е познат мотивот и нема никакви докази дека Лојбл и Грими се познавале. Полицијата вели дека осомничениот возел до Орландо за да го изврши убиството, и потоа имал план да се врати од каде што дошол.

Познатите личности своето сочувство за загубата на Кристина Грими го изразија на социјалните медиуми.

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg