Ким Кардашијан и Криси Тајген се потопија во млеко за новиот спот на Ферги (фото)

Ким Кардашијан и Криси Тајген се приклучија во „клубот“ на згодни мајки во спотот за најновата песна на Ферги, „M.I.L.F. $“.

kim-kardashijan-i-krisi-tajgen-se-potopija-vo-mleko-za-noviot-spot-na-fergi-01.jpg

41-годишната пејачка која има син со сопругот Џош Духамел, штотуку ги објави спотот и песната посветена на мајките.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, која го доби своето второ дете и новопечената мајка Криси Тајген се дел од спотот за новиот летен хит.

Сиара, Алесандра Амбросио, Гема Вард, Тара Лин, Анџела Линдвал, Изабели Фонтана и Наташа Поли се само дел од останатите славни ѕвезди кои станаа дел од овој спот.

Ова е првиот сингл на Ферги од вториот соло албум, „Double Duchess“:

Н. Г. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg