Новиот спот на Моби: Дали и вие сте изгубени во светов како мене?

Пред издавањето на новиот албум кој ќе го носи насловот „These systems are failing“, Моби објави нова песна која ќе се најде на истиот.

Najnoviot-spot-na-Mobi-e-tazna-prikazna-za-opstestvoto-vo-koe-ziveeme-02

Песната го носи насловот „Are you lost in the world like me?“ и малку поразлична од звукот кој сме се навикнале да го слушаме од овој музичар.

Сепак, она од кое тој не отстапува е интересниот спот кој раскажува една целосна приказна.

Како што и самиот наслов кажува, овој пак акцентот е ставен на општеството во кое живееме и сите негови негативности.

„За мене видеото зборува за нашата сè поголема зависност од технологијата и интеракцијата меѓу луѓето, или подобро, за отсуството на вистинска интеракција меѓу луѓето.

Изградивме огромни градови, огромни индустрии, огромни системи. Овие системи беа изградени за да нè заштитат, за да нè ослободат. Но наместо тоа, тие само ни го загадија воздухот, ги убија животните и ја масакрираа Земјата – а ние сме тие го создадовме тоа уништување.“ – објаснува тој.

М. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg