Њујорк во `80-ите - Како изгледале почетоците на хип-хопот?


Њујорк во `80-ите - Како изгледале почетоците на хип-хопот?

Брејкденсинг, рапување, уличен стил... `80-ите во Њујорк биле плодно поле за развој на хип-хоп културата, а еден фотограф од Бруклин на автентичен начин ни ги доловува тие времиња.

njujork-vo-80ite-kako-izgledale-pocetocite-na-hiphopot-01.jpg

Благодарение на легендарниот уличен фотограф, Џамел Шабаз, денес имаме можност да погледнеме како се развивал овој музички жанр и довел до појава на една сосема нова, поинаква култура.

Неговите фотографии се како „замрзнат“ документарец кој го прикажува животот во Њујорк во `80-ите.

„За мене тоа беа навистина интересни времиња. Во периодот кога беа познати артистите како KRS-One и Public Enemy, сè се вртеше околу културата, околу расната гордост, околу прославувањето на историјата“ - изјавува фотографот.

Ова се некои од неговите најдобри фотографии:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Белата куќа згрозена од видеото во кое „гола Меланија“ игра пред рапер... Раперот T.I. ја навреди првата дама на САД, Меланија Трамп, во видео спотот во к...