На нашата плејлиста денес: „Hello“ на Лајонел Ричи со одличен женски вокал


На нашата плејлиста денес: „Hello“ на Лајонел Ричи со одличен женски вокал

Во 1984 година, Лајонел Ричи ја објави серенадата „Hello“.

video-premiera-zenski-bend-napravi-kaver-na-serenadata-hello-na-lajonel-rici-01.jpg

А, во видеото кое е направено специјално за песната, се раскажува приказна за професор по музичко (кој го глуми самиот Лајонел Ричи) кој се заљубува во слепа ученичка.

„Кога маж ја пее оваа песна, некако звучи морничаво“ - вели Габриел Вортман, пејачката на групата „Smoke Season“.

„Но, од друга страна, кога оваа песна ја пее жена, звучи некако секси“ - додава.

Па, токму затоа, заедно со нејзината колешка, решиле да направат кавер режиран од актерката Меган Дафи.

Изгледот на пејачката, жолт фустан со наметка, е дел од колекцијата на Жил Дикон, а е одбран од стилистката Зои Џоу која е одговорна и за многу комбинации на Бијонсе (нејзиниот изглед за „Lemonade“, како и за костимот кој го носеше на Super Bowl 2016).

Видеото го разгледува моменталниот проблем околу правата на жените и родовата еднаквост:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нема потреба од солзи: Зејн од One Direction ја објави првата соло песна Помина само 1 недела откако Зејн Малик објави дека го напушта бој бендот One Dir...
Ед Ширан објави видео за неговата нова песна „Eraser“ и фановите полудеа Сите го очекуваат новиот албум на Ед Ширан овој петок, но никој не очекуваше дек...
Најголемиот фан на Спајс Грлс: Адел повторно запеа нивна песна (видео) Адел е познат фан на Спајс Грлс, па воопшто не изненадува тоа што реши да запее ...