"Сите љубовници" на Кајли

Австралијската поп дива Кајли Миног (41) на 5-ти јули ќе го објави својот единаесети албум наречен "Aphrodite". Фановите на нејзиниот официјален веб...

 

... портал веќе имаат можност да слушнат 30 секунди од нејзиниот прв сингл "All The Lovers", кој во целост ќе биде објавен на 28-ми јуни.

"Оваа песна беше една од последните која е напишана за албумот. Меѓутоа, кога ја снимивме таа се наметна како
сингл кој најдобро ќе ја пренесе еуфоријата пред излегувањето на албумот
", вели Кајли.

Својот претходен албум "X" Кајли го објави во 2007 година. Иако продаде повеќе од 60 милиони носачи на звук насекаде низ светот, во Америка дури во 2009 организираше турнеја.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg