Подгответе се да останете со подотворена уста: Анџелина Џордан, девојчето – глас!


Подгответе се да останете со подотворена уста: Анџелина Џордан, девојчето – глас!

Овој глас е еден од ретките на планетава, а тука се вбројани и гласовите на познатите светски пејачи. Она што го прави уште попосебен е што припаѓа на 10-годишно девојче.

podgotvete-se-da-ostanete-so-podotvorena-usta-andzelina-dzordan-devojcheto-glas copy

Анџелина Џордан Астер е Норвежанка и е победник на „Норвешка има талент“ во 2014 година. Оттогаш па се до денес, Анџелина не престанува да го развива својот талент и постојано плени со нејзиниот глас.

Има и своја веб страна, како и Youtube канал, кој има илјадници прегледи по видео за само неколку дена по објавувањето на видеото.

За ова чудо се пишуваше во магазинот People, а Анџелина пееше и на доделување на Нобеловите награди.

Пред две години објави и своја сликовница „Помеѓу две срца“, која е илустирана од нејзината баба. Приказната во неа е за средба на Анџелина со девојче од Азија на кое Анџелина ѝ ги дава своите чевли.

Свири на пиjано, виолина и флејта.

А, како пее?

Л. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Зи се „исповеда“ за гревовите во новото видео пред Бијонсе Откако во ноември Џеј Зи за првпат отворено призна дека бил неверен на својата с...