Лејди Гага во Загреб!

Лејди Гага пристигнува во Хрватска! Контроверзна, шокантна и популарна, Лејди Гага ќе настапи во загребската Арена на 5-ти ноември оваа година.

 

lejdi-gaga-vo-zagreb

Турнејата Monsters Ball ќе им даде можност на сите фанови на Гага да ги пејат нејзините најголеми хитови заедно.

Друга информација се цените за билетот на концертот кои се предвидува дека ќе се движат од 50 евра за трета категорија на седење, 58 евра за средната и 76 евра за првата категорија на местата.

Лупа промоција која го организира овој спектакл напоменува дека во продажба ќе бидат пуштени 10.351 влезници.

Капациетот на Арена е голем, така што лесно е да се предвиди дека влезниците ќе се искупат во рекордно време.

Според директорот на Лупа промоција, цените на влезниците се условени од страна на менаџментот на пејачката, кои барале износот да не биде ни случајно помал од оној во останатите делови од регионот.

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg