Втори 5 полуфиналисти

evrovizija-prvite-5-polufinalisti-povekjeДенес ја продолжуваме приказната за Евровизија и ви претставуваме уште 5 земји кои ќе настапат на првата полуфинална вечер. Во продолжение на првите 5:



6.
Шести настапуваат нашите северни соседи – Србија. Нина ќе се претстави со песната Magical и за чудо ќе настапи на англиски јазик.

7. Русија настапува седма. Ја претставува Алексеј Воробјов со песната Get you. Песната е дело на мароканецот Надир Хајат кој ги работеше речиси сите хитови на Лејди Гага од најзиниот прв албум.

8. Поп соул триото Ана Росинели ќе ја претставува Швајцарија со песната In love for a while.

9. Грузија ја претставува бендот Eldrine со песната One more day. Ова се група ентузијасти кои формираат бенд од навистина благородна причина. Имено, нивна пријателка го губи помнењето, а бидејќи лекарите не и предвидувале брзо опоравување, нејзините пријатели се одлучиле низ песни да ја запознаат со нејзиниот живот и сите детали на кои не се сеќава. После неколку месеци, на нивната пријателка која присуствувала на сите проби на бендот, и се вратила меморијата.

10. Дваесетгодишниот Aksel Ehnström, познат под уметничко име Paradise Oskar, ги брани боите на Финска оваа година. Неговата песна Da Da Dam зборува за дете кое сака да ја спаси планетата.

Што се однесува до кладилниците, српската претставничка е некаде на средина. Големи се шансите Русија и Финска да влезат во финалето, но кладилниците не се наклонети на Швајцарија и Грузија.

Што мислите вие за вторите пет полуфиналисти?

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg