Стинг издава тројно ЦД

sting-izdava-trojno-cd-povekjeПо повод 25 – годишнината од соло кариерата, Британскиот музичар Стинг, некогашен пејач на популарната група „Полис“, планира да издаде тројно ЦД.


Тројната колекција треба да излезе на 27 септември, а во соопштението на дискографската куќа „Универзал Мјузик“, кој ќе го издаде ова ЦД , објавено е дека со него ќе оди и ДВД на кое ќе биде снимен Стинговиот концерт во Њујоршката „Ирвин Плаза“ од 2005 година.

Со oва ЦД ќе биде објавена книга со бројни фотографии и лични коментари.

На јубилејното ЦД кое ќе се вика „Стинг: 25 години“ ќе има вкупно 45 песни, меѓу кои ќе има и такви што ги пеел додека бил член на групата „Полис“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg