Mајкл Џексон без маска

Повлечената поп икона Мајкл Џексон, верувале или не, повторно ќе запее за своите обожаватели,  после долг период на исклучување од музичката сцена.




"Тоа е тоа, тоа ќе биде мојот последен настап во Лондон и тоа ќе биде навстина крај. Ќе ги отпејам песните кои моите обожаватели ќе сакаат да ги слушнат. Се гледаме наскоро, ве сакам" – изјави Џексон за медиумите, во исчекувањето на неговиот концерт кој ќе се одржи на 8ми Јули во Лондон.

Џексон последен пат настапи во Лондон 2006 та година, кога на доделувањето на World Music Awards наместо изведба на песната 'We Are The Worlds', одвај промумља неколку стихови.
Веднаш по настапот, тој ја напушти оваа манифестација.

Џексон ќе одржи повеќе концерти во лондонската О2 Арена каде што до сега гостувале најголемите ѕвезди како што се Лед Цепелин и Принц.
Оваа година, освем Мајкл Џексон, таму ќе настапат и Бритни Спирс, Пет Шоп Бојс и Лајонел Ричи.

Враќањето на 50 годишната поп икона Мајкл Џексон, можеби конечно ќе ги замолчи шпекулациите за неговата здравствена ситуација и финансискиот пад кои траат веќе 3 месеци.

За финансиската ситуација нема да шпекулираме, но за неговата здравствена ситуација и изглед погледнете ги фотографиите, и сами одлучете.

majkl-dzekson-bez-maska

majkl-dzekson-bez-maska1

majkl-dzekson-bez-maska2

majkl-dzekson-bez-maska3

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg