Дојдете на претстава и донирајте за Марко

dojdete-na-pretstava-i-donirajte-za-marko-02.jpg

Средното училиште Раде Јовчевски-Корчагин отсекогаш било „дом“ за илјадници ученици коишто низ неговите ходници, во училишните клупи, го стекнале своето знаење, но и другарувале и споделувале најубави спомени. Токму денешните корчагинци повторно застануваат на страната на учениците, преку хуман гест со повисока цел – спас на млад човечки живот.

Марко Здравевски, поранешен ученик на Корчагин, со навршени 25 години е на лекување во Париз, па за таа цел итно му се потребни финансиски средства за продолжен третман. Марко се лекува од канцер на Клиниката Rafael Instituten Hartmwn hospital.

За таа цел, на 30 септември со почеток во 20 часот во МНТ, на празникот Љубов, Вера и Надеж, учениците во Корчагин по втор пат ќе ја одиграат претставата ,,Чекајќи го...". Театарот МНТ уште еднаш ќе  ги отвори театарските порти за хуманата публика! Корчагинци  ќе ја играат  музичката драма ,,Чекајќи го...", очекувајќи силен аплауз од вкупно 529 хумани луѓе, колку што има седишта во салата. Билетите се во продажба на билетарницата на МНТ по цена од 500 денари, а истите можат да се купат и онлајн.

Ги повикуваме сите добри и хумани луѓе да уживаат во изведбата на претставата и истовремено да донираат за спас на младиот човечки живот да може да го продолжи својот пат.

dojdete-na-pretstava-i-donirajte-za-marko-2.jpg

dojdete-na-pretstava-i-donirajte-za-marko-01.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg