Утре македонска премиера на „Кино Љубов“, филмска приказна за луѓе во потрага по љубов

„Кино Љубов“ е исклучително интересна приказна раскажана со голема умешност а низ малку кадри. По проекциите во повеќе држави и учеството на бројни фестивали утре ќе ја доживее својата македонска премиера.

utre-makedonska-premiera-na-kino-ljubov-filmska-prikazna-za-lugje-vo-potraga-po-ljubov-01.jpg

Ова уметничко остварување, е продуцирано од Јани Бојаџи и Дејан Милошевски, а сценарист и режисер е Јани Бојаџи.

„’Кино Љубов’ е вивисекција на нашиот живот денеска како уметници но и на нас како луѓе, чии семејства под притисок на лудилото наоколу се на работ на распаѓање. Овој филм е нашиот одговор на прашањето како да се сочуваме самите себе си и нашите семејства?

Љубовта е состојката за спас која ние во овој филм, кој во суштина е насилен, во краен случај ја нудиме и во неа веруваме до крај“ објаснува режисерот и сценарист Јани Бојаџи.

utre-makedonska-premiera-na-kino-ljubov-filmska-prikazna-za-lugje-vo-potraga-po-ljubov-06.jpg

Филмот е првата македонска „инди“ - независна продукција и снимен е без финансиска подршка од Агенцијата за филм и Министерството за култура на Македонија. Сниман е за време на Корона епидемијата во Скопје, под специјални здравствени услови.

„Овој проект за време на подготовките и снимањето, минуваше низ процес досега непознат за македонската кинематографија во однос на снимање и работа со актери. Приказната е раскажана во десет кадри, со што по својата форма ‘Кино Љубов’ е прв македонски филм направен во стилот познат како ‘уан тејк’“ изјави продуцентот Дејан Милошевски.

utre-makedonska-premiera-na-kino-ljubov-filmska-prikazna-za-lugje-vo-potraga-po-ljubov-02.jpg

Филмот во продукција на Синемон Медиа Фактори и Револутион.

Во главните улоги настапуваат Дејан Лилиќ, Јелена Жуѓиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Благоја Чоревски како специјална ѕвезда гостин.

Автор на музиката е најголемиот македонски филмски композирот Горан Трајковски, дизајнер на звук е истотаја реномираниот Игор Василев - Новоградска, продукциски дизајнер е Лазе Трипков, оператор на камера е Марко Најдановски а директор на фотографија Иван Зоровски.

„’Кино Љубов’ е проект направен од љубов. Сите кои се трудеа да го склопат се вљубеници во својата работа и тоа се на крајот и се гледа, публиката ќе го почуствува. Љубителите на филмот ќе ја препознаат енергијата која вткаена во него“ вели актерот Дејан Лилиќ.

utre-makedonska-premiera-na-kino-ljubov-filmska-prikazna-za-lugje-vo-potraga-po-ljubov-04.jpg

За македонска примиера на филмот е одбран Штип, како е културен и универзитетски ценатар во регионот а, дополнително е и град кој после долго време го добива своето редовно кино, иницијатива на дистрибутерот „Киноверзум“.

Идејата на продуцентите е „Кино Љубов“ да биде и можност за промоција на македонските кина и враќање на љубовта кон киното, што е основна приказна на филмот.

Скопската премиера е закажана за 26 Октомври во киното Синеплекс, а во меѓувреме филмот ќе го види и пубиката во Неготина, Велес, Свети Николе, Прилеп и други градови низ цела Македонија.

„Продукцијата се одлучи за Штип како културен и универзитетски центар во Македонија и град со богата кино традиција. Киноверзум со нас го споделува нашиот ентизијазам и градовите надвор од Скопје да се етаблираат како кино и филмски центри“ вели Јани Бојаџи.

utre-makedonska-premiera-na-kino-ljubov-filmska-prikazna-za-lugje-vo-potraga-po-ljubov-03.jpg

„Кино Љубов“ ја раскажува приказната за актерот Коста кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Згора на се, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. Така доаѓа на дека тоа е моментот да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И зема заем од неговиот шура Стево, инаку познат лихвар во градот. 

И покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Така се растура семјеството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања кои завршуваат со бомба која под колата на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата.

Светската премиера на „Кино Љубов“ беше во Декември 2022-та година на Фестивалот на авторскиот филм во Белград.

Досега помина 13 фестивали на три континенти, а до крајот на годината го очекуваат и фестивали во Загреб, Рим и Измир, со тоа ќе се вброи меѓу македонските долгометражни филмови кои оствариле најголем број фестивалски учества надвор од Македонија.

utre-makedonska-premiera-na-kino-ljubov-filmska-prikazna-za-lugje-vo-potraga-po-ljubov-07_copy.jpg

„Кино Љубов“

Сценарио и режија: Јани Бојаџи

Продуценти: Јани Бојаџи и Дејан Милошевски

Композитор: Горан Трајковски

Дизајн на звукот: Игор Василев

Директор на фотографија: Иван Зороски

Камера оператор: Марко Најдановски

Монтажа: Јани Бојаџи

Продукциски дизајн: Лазе Трипков

Костими: Александра Горчилова

ПРОДУКЦИСКИ КОМПАНИИ: Синемон Медија Фактори и Револушн продакшн од Скопје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg