„Љубовна терапија“ - театарско лечење преку смеење

“Љубовна терапија” е најновата претстава на Театар Куманово, која своја премиера имаше во склоп на Денови на Комедија. Кумановчани се познати по смисла за хумор , но и можноста тоа да го изведат на сцена.

ljubovna-terapija-teatarsko-lechenje-preku-smeenje-05.jpg

Љубовна Терапија за разлика од други комедии на Театар Куманово е различна, модерна со американски шмек и во целост го доловува општеството во кое што живееме.  Главна цел е конекцијата и врската со друг човек но и можноста што 21 век ја нуди кога станува збор за запознавање.

Уникатноста на претставата е изразена преку актерската игра на актерите кои несебично и полни со енергија ја префрлаат топката кај публиката создавајќи неверојатна кохезија и спој кој се гледа дека ќе трае уште долго откако завесата ќе се спушти.

ljubovna-terapija-teatarsko-lechenje-preku-smeenje-01.jpg

Актеркската екипа е составена од Владанка Крстевски, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Никица Јанковски и Матеј Стојковским, а во режија на Драгана Таневска  – сите млади и талентирани уметници кои се истакнуваат на театарските штици во Куманово, но и во цела Македонија.

ljubovna-terapija-teatarsko-lechenje-preku-smeenje-03.jpg

Лесната актерска игра, точно одредените ситуации и прецизноста на режисерката ја прават оваа театарска претстава лесна за гледање, освежувачка и создаваат траен мост на задоволство помеѓу публиката и актерите.

“Работењето на претстава за Денови на Комедија е слава за нас актерите, тоа е еден фестивал кој 26 години претставува празник за градот – традиција која ги испреплетува сите вредности на Кумановчани” вели Владанка Крстевски.

ljubovna-terapija-teatarsko-lechenje-preku-smeenje-02.jpg

“Работењето во овој процес беше лесно, инспиративно, креативно и забавно – без стресови и нервози туку некако се забавувавме и игравме градејќи ги ликовите во насоки во кои ни беа зададени. Текстот сам по себе е доста податлив, но и доста комплициран бидејќи може да се игра на две страни и комична и драматична – па така навистина беше умешност да се извади комиката од ликовите кои поминуваат низ едни турбулентни себеспознанија” – додава Владанка

“Овој текст е доста поставуван на Светските сцени бидејќи во себе има хумор кој е различен, не исмева човечеки недостатоци, не понижува, туку баш напротив обичниот човек го става во најразлични ситуации од дневниот живот покажувајќи ја комиката на општеството во кое денес живееме – градејќи вистински карактери создававме сцени од модерниот живот.” – додава Владанка

ljubovna-terapija-teatarsko-lechenje-preku-smeenje-04.jpg

Претставата ќе се игра во Центарот за Култура Трајко Прокопиев, како и низ сцените низ цела Македонија. Веќе има закажани датуми за во Кочани на 20.10, потоа Гевгелија, Кавадарци, Скопје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg