Две Македонки меѓу најубавите на изборот Miss Top Model Earth 2023 во Грузија
- Детали
- петок, 20 октомври 2023
Неодамна во Грузија првпат се одржа изборот за убавина Miss Top Model Earth, а две Македонки освоија титули.
На изборот за Miss Top Model Earth 2023, кој неодамна викенд се одржа во Тбилиси, Грузија, две девојки од Македонија освоија титули.
Сара Дојчиноска ја освои титулата втора придружничка, а Белисима Лукарова титулата четврта придружничка.
Победничка на изборот е претставничката на Украина.
„Изборот се одржа во елитниот хотел Biltmore во Тбилиси, во кој девојките беа и сместени и се подготвуваа за финалната вечер.
Ова е нов избор, се одржа првпат, а е во организација на либанска продукција, но со тенденција да стане традиционален“, вели Мики Црнокрак.
Двете девојки кои ја претставуваа Македонија се дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за убавина и модели.