Бавна трка со мотори "Не е сѐ во брзината!” по 6ти пат на 29.10.2023

Чест ни е да Ви го претставиме овогодинешниот настан - "Не е сѐ во брзината!” кој ќе се оддржи по 6ти пат на 29 октомври, недела.

bavnata-trka-ne-e-se-vo-brzinata-po-6ti-pat-na-29-oktomvri-2023-01.jpg

Главната точка на оваа манифестација е бавната трка од едуктивен карактер којa има за цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, укажувајќи на потенцијалната опасност од управување со голема брзина, а истата е организирана од Мото Клуб Вепар веќе 6 години!

Трката ќе се одвива во 4 категории и тоа:

- Мотоцикли до 50 цм3

- Мотоцикли од 51 до 500 цм3

- Мотоцикли од 501 цм3 до 1000 цм3

- Мотоцикли поголеми од 1000 цм3 

Трката ќе се одвива на начин на кој истовремено ќе се натпреваруваат по двајца учесници по систем на елиминација

- Победникот продолжува со натпреварување;

- Победник е оној кој поспоро ќе стигне до целта.

Правила:

- Учесникот не смее да испадне од одбележаната траекторија;

- Учесникот не смее да допре со нога на земја (со самото допирање се елиминира од трката);

- Учесникот кој последен ќе ја помине целта е победник.

Сите заинтересирани за учество во мото трката Бавна Трка Vol. 6, можат да се пријават на штандот пред патеката во просториите на клубот, помеѓу 10 и 11.30 часот на денот на настанот. 

bavnata-trka-ne-e-se-vo-brzinata-po-6ti-pat-na-29-oktomvri-2023-02.jpg

Агенда:

- 10:00-11:30 часот-- ПРИЈАВУВАЊЕ

- 12:00 часот-- Официјално започнување на трката

- 14:00 часот-- Почеток на забавна програма со музика, скара, пивце и дружба.

- 19:00 часот-- Затварање на настанот. 

Учеството е бесплатно. 

Ве очекуваме!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg