Концерт, предавање, изложба - Скопје драм фестивал дава нова димензија на музичката сцена

Овие денови, Скопје е домаќин на неколку домашни и меѓународни тапанари, кои ќе бидат дел од четвртото издание на Скопје драм фестивал. Организаторите направија разновидна програма – спој на музика, едукација и споделување искуства од регионот и Европа.

koncert-predavanje-izlozba-skopje-dram-festival-dava-nova-dimenzija-na-muzickata-scena-01.png

Четвртото издание на Скопје драм фестивал ќе се одржи на 31. октомври, вторник, со почеток од 17:00 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ). Станува збор за релативно „млад“ фестивал, кој успешно се развива и се етаблира на музичката сцена како релевантен музички настан посветен на тапанарите и тапаните како инструмент.

Скопје драм фестивал е идеја на нашата млада тапанарка Тeодора Васиљевиќ, која веќе неколку години го организира фестивалот со многу работа, посветеност и ентузијазам.

koncert-predavanje-izlozba-skopje-dram-festival-dava-nova-dimenzija-na-muzickata-scena-02_copy_copy.jpg

Оваа година, овој музички настан ќе има зголемена мултимедијалност и разноликост. Перформанси, работилници, изложби и свирки се дел од овогодинешното издание на Скопје драм фестивал. Меѓу учесниците се: Радослав Шутевски-Шуте, Драган Теодосиев, Јан Стефановски, Павел Ренџов трио и полскиот музичар и тапанар Војтек Дереговски.

Утре, во МКЦ посетитителите ќе можат да се забавуваат, но и да се информираат и да се едуцираат за овој вид на музика.

Теодора Васиљевиќ, која деновиве е навистина посветена во организацијата за утрешниот настан ни споделува дека публиката ќе има уникатна можност, на едно место да ја доживее музиката на два начини - преку концертен дел и преку едукативно предавање:

Во првиот дел од денот, од 17:00 часот посетителите ќе можат да бидат сведоци на неколку презентации и предавања. А, во вечерниот дел ќе имаме концертни настапи на локални и меѓународни тапанари. Тоа што е сигурно е дека програмата е прилагодена за повеќе вкусови и генерации, затоа што сме свесни дека оваа музика, фестивал можеби не е за „широка“ публика. Но, Ве уверувам дека Скопје драм фестивал го создадовме и го градиме со многу љубов и ентузијазам и затоа Ве покануваме да ни се приклучите, споделува со нас Васиљевиќ.

Картите за утрешниот настан можат да се купат онлајн на следниот линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg