Ја испеа „Бисер балкански“, му посвети песна на Тоше: Жељко Самарџиќ воодушеви на концертот во Скопје
Пред крајот на концертот, кој заврши половина час по полноќ, тој ја најави и нашата Калиопи, со која лани ја сними дуетската песна „Znam“.
Откако тој си замина од сцената, Калиопи ги испеа „Црно и бело“ и „Бато“ (Rodjeni).
За да ја покаже својата љубов кон публиката и колку ужива во вечерта, Самарџиќ пред крајот се симна меѓу своите гости, па пееше заедно со нив.
Се прошета од едниот до другиот крај на преполаната сала и пееше, се фотографираше, се поздравуваше со своите фанови...
Пред крајот, Жељко направи и микс од неколку народни македонски песни, па испеа и делови од: „Како што е оваа чаша полна со вино“, „Ако умрам ил' загинам“, „Македонско девојче“.
А публиката од концертот, во организација на „Прагма продукција“, си замина полна со импресии, бидејќи ова беше навистина една од оние вечери за кои долго ќе се раскажува.
Уште неколку фотографии од концертот:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело / фото: З. Ј.