Размена на книги

doniraj-kniga-povekjeСекогаш ни е драго да ги споделуваме со вас проектите и иницијативите во земјава кои вредат да добијат внимание. Овој пат - интересен настан за...


...љубителите на книги во Гевгелија.

Oвој проект е организиран од страна на клуб GLOW Гевгелија со цел да ги поттикнеме сите граѓани на Гевгелија да читаат повеќе книги.

doniraj-kniga

Доколку немаат доволно парични средства да купат нова книга, тие ќе можат некоја од нивните веќе прочитани книги да заменат со друга. 

Понекогаш книгата што ја бараат не се печати повеќе и не може да се купи, но можеби ќе можат да ја пронајдат токму на штандовите за размена на книги.

Вистинските љубители на книги никогаш нема да фрлат книга дури и ако знаат дека никогаш повеќе нема да ја читаат.

Затоа, пред нашиот конечен проект организиравме ден за донација на книги во локалните училишта.

Покрај учениците, книги донираше библиотеката „Гоце Делчев“. Добар дел од книгите кои ќе бидат понудени се книги донирани од библиотеката на средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“.

Покрај книгите на македонски јазик ќе може да се најдат книги и на Англиски јазик донирани од американката Кети која моментално преку Мировниот Корпус волонтира во нашата земја. 

  • КОГА? 10.03.2012
  • КАДЕ? Библиотека „Гоце Делчев“ Гевгелија
  • Љубители на книги, ве очекуваме да ги размениме богатствата!

Што е клуб GLOW Гевгелија?

Клуб GLOW (Girls leading our world прев. Девојките го водат светот) Гевгелија беше формиран во септември 2009 година од учеснички во камп GLOW кои сакаа да ги споделат мисијата и целите на кампот со други девојки од нашето опшество. Мисијата на клуб GLOW е да го развие потенцијалот кај младите девојки од СОУ „Јосиф Јосифовски“ и ООУ „Владо Кантарџиев“/ „Крсте Мисирков“ и да им се обезбеди знаење и вештини потребни за да станат активни лидери во своите заедници. Тоа се прави преку образовни активности во полето на здравјето, исхраната, околината, поставување цели, планирање кариера, волонтеризам, уметност, дискриминација, мир и уште многу други области и им овозможува креативнo изразување и тимска работа, a истовремено и подобрување на англискиот јазик бидејќи во текот на сите активности јазикот кои го користиме за комуникација е англискиот.

За повеќе информации за нашата програма, Ве молиме посетете ја страната http://glowgevgelija.blogspot.com/

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg