Македонска убавина! Нашата Лара (15) е избрана за Top Model International 2025
- Детали
- среда, 28 мај 2025
Минатата недела во престижната сала Sporting Monte Carlo во Монако се одржа финалето на 21от изборот за Top Model International 2025, на кој победи нашата претставничка, 15-годишната Лара Станчева.
Лара Странчева е ученичка во СУ Георги Димитров од Скопје, а овој фантастичен успех го направи во конкуренција на 59 девојки учеснички од целиот свет.
Нашата Лара е член на Модното студио Црнокрак, од кое добивме информации во врска со овој интернационален избор за модели, на кој Македонија за првпат имаше свои претставници.
Првично од преку 10.000 кандидати, пријавени онлајн од целиот свет се избраа 5.000 од 35 националности, кои беа на кастинг во повеке градови во Европа.
На кастингот во Париз Лара беше избрана за полуфинале во Брисел заедно со 450 кандидати.
И таму Лара одлично се претстави и влезе во финалето, меѓу најдобрите 111 девојки, од кои 52 беа во конкуренција на модели и 59 во конкуренција на фотомодели.
Финалето се одржа во престижната сала Sporting Monte Carlo, а Лара Станчева победи во конкуренција на фотомодели.
Кај машките победник е Матео Мерњи од Белгија, а Македонија ја претставуваше Димитар Димоски кој имаше најголем број гласови од public voting и во Брисел ја освои наградата фотосесија во Сен Тропе.
Во конкуренција на модели победи Ема Демај од Франција, а кај машките претставникот на Италија, Федерико Росини.
За победата Лара доби учество во два големи проекти, две големи кампањи за светски познати модни брендови, за кои снимањата во наредниов период ќе бидат во Маракеш, Мароко и на Малдивите.