Време е да се вработите

vreme-e-da-se-vrabotite-povekjeДенови на кариера е централниот настан во областа на развојот на кариерата во нашата земја. Цел на проектот е да се овозможи интеракција помеѓу...


...студентите и македонските компании, да се зголеми свеста кај студентите за тоа што точно компаниите ценат кај своите идни вработени, развој и едукација на студентите со цел оспособување за почетните чекори при градење на успешна кариера, зголемување на вработеноста на студенти од сите факултети.

Проектот се случува под директно покровителство на Економскиот Факултет-Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј и претставува дел од долгорочната цел на започнување на кариерен центар во оваа високо образовна институција.

Оваа година, активностите во склоп на Денови на Кариера ќе се одвиваат од 20ти до 29ти април. Предвидени се три едукативни семинари:

- Едукативен семинар „Развој на кариера“ на Економски Факултет, 20-22 април, котизација 500 денари

Опфаќа теми кои ги подготвуваат студентите за животот по студиите со цел полесно да се адаптираат во работната средина која ги очекува. Во прилог можете да ја погледнете агендата

http://www.facebook.com/events/278531315564768/

- Едукативен семинар „Финансии и кариера“ на Економски Факултет, 21-22 април, котизација 300 денари

Наменет пред се за студентите од департманите Финансиски менаџмент и Сметководство и ревизија при Економскиот Факултет, целта на едукативниот семинар е да им се овозможи на студентите да се стекнат со дополнително теоретско и практично знаење од областа која ја изучуваат поради се поголемата потреба од високо образовани стручни кадри со познавање на работа со финансии.

http://www.facebook.com/events/359499984101512/

- Технички Форум на ФЕИТ/МФС, 28-29 април, котизација 300 денари

Наменет за студентите од техничките факултети  со предавачи од областа на ИТ, енергетиката и машинството во врска со најактуелните теми од оваа област

За учество на настанот, студентите ја пополнуваат on-line апликацијата http://0.mk/careerdaysapply. За повеќе информации следете не на facebook страната http://www.facebook.com/careerdays.skopje.

Искуството од минатите години покажа дека преку Денови на Кариера многу студенти остварија контакти со познати македонски компании, добија пракси и вработувања, слушаа како успешните менаџери стигнале до тој успех и научија дека сами го градиме патот до успехот.

Учесниците ќе добијат сертификат за својот придонес и учество на семинарите.

Ве очекуваат предавачи кои сакаат да го споделат своето знање со вас, ве очекуваат фирми желни за вашето CV, ве очекува знаење и пред се ве очекува забава на повисоко ниво.

vreme-e-da-se-vrabotite

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg