Марта и Стефан елегантни, пола естрада пееше на забавата - Како поминаа првите „Лазаров награди“?
- Детали
- четврток, 19 јуни 2025
Меѓу оние кои дојдоа да го прослават успехот на Стефан Лазаров беа и Игор Џамбазов, Тино и Атанас (кои имаа свој мал стендап дел), Слаткар и Тони Зен, Таско, 2 Бона, Ивона Јо, Андријана и Бобан Илиоски, Сара Мејс, Снеже Велков и многу други.

Вчеравечер во Скопје се одржа доделувањето на „Лазаров награди“, организирани од нашиот познат јутјубер, Стефан Лазаров, а по повод 5 години од постоење на неговиот Јутјуб канал и сето она што тој го постигна во изминатиов период.

Во пријатна атмосфера во познат скопски ресторан, со семејството како најголема поддршка во целиот овој период, но и гости од јавниот живот, Стефан им се заблагодари на сите кои работеа со него, му беа ветер во грб и го бодреа на патот по кој оди изминативе години.
Сестрата, родителите и сопругата на Стефан
Откако гостите прошетаа по црвениот тепих (а дел од нив беа интервјуирани на влезот од Димитар Атанасовски), во салата влегоа Стефан и неговата сопруга Марта и беа пречекани со силен аплауз.
Димитар Андоновски со Сергеј Варошлија и Игор Џамбазов
Марта блесна во црн фустан, додека Стефан избра црн елегантен костум со машна пеперутка.
Марта и Стефан / фото: Виктор Крстевски
Меѓу оние кои дојдоа да го прослават успехот на Лазаров беа и Игор Џамбазов, Тино и Атанас (кои имаа свој мал стендап дел), Слаткар и Тони Зен, Таско, 2 Бона, Ивона Јо, Андријана и Бобан Илиоски, Сара Мејс, Снеже Велков, диџеј Мац и многу други.

Вечерта помина во прекрасна атмосфера, а за тоа се погрижи Тамара Тодевска, но и дел од гостите, па, меѓу другите, пееја и Елена Ристеска и Мики Секуловски.
Тамара Тодевска / фото: Виктор Крстевски
Гостите беа особено емотивни кога на гоплемиот видео бим се прикажа дел од документарниот филм што Стефан го снима за својот починат пријател и соработник, Зоки Фаци.

Не недостигаа ни наградите, она што Стефан го најави уште пред почетокот на забавата, која, пак, се пренесуваше во живо на Јутјуб каналот на Лазаров.
Погледнете како беа облечени гостите, но и дел од атмосферата на забавата:
Таско со сопругата Наташа
2 Бона/ фото: Виктор Крстевски
Елана Ристеска и диџеј Мац / Ивона Јо и Мики Секуловски
